(ВИДЕО) Медиумите јавуваат за 19 жртви во Ел Пасо, властите сѐ уште без конкретни бројки

Најмалку 19 луѓе се убиени а 40 други се ранети во пукањето во трговски центар во градот Ел Пасо во американската сојузна држава Тексас во саботата, пренесува теелвизиската мрежа NBC News, повикувајжи се на извор во безбедносните служби, додека властите сѐ уште известуваат за „повеќе“ жртви и оти е во врска со нападот е приведено едно лице.

Приведениот, според соговорниците на NBC News од безбедносните служби, е идентификуван како 21-годишниот жител на Далас, Патрик Крузиус,

Во саботата утрото по локално време започнало пукање на областа на трговскиот центар „Cielo Vista“ во Тексас во близина на границата со Мексико, а во извештаите, исто така, се наведува дека пукање ималио и во соседниот трговски центар „Walmart“.

Од канцеларијата на градоначланикот на Ел Пасо соопштија дека најмалку 22 лица се ранети, пренесува телевизијата CNN. И другите медиуми известуваат за „повеќе убиени“, без да го наведат точниот број. Новинарката Камила Римбалди претходно на својот профил на Facebook објави дека смртно настрадале десет луѓе, а најмалку 30 се ранети.

Портпаролот на локалната полиција објави дека пукањето е завршени и оти е приведено едно лице. Градоначалникот на Ел Пасо, Ди Марго, претходно објави дека се приведени три лица, но полицискиот начелник Роберт Гомез подоцна рече дека е приведен еден маж, како и дека полицијата верува дека бил осамен. Некои локални медиуми известуваат дека е приведен 21-годишен бел маж и дека отворил оган од јуришна пушка „АК-47“.

„Ситуацијата е флуидна и драматична. Засега не мислиме дека има повеќе осомничени, но тоа може да се промени“, изјави Гомез.

„Примарно ги пребаруваме Walmart, но и блискиот трговски центар. Всушност целото подрачје. Нема активно пукање, но не можеме да потврдиме дека областа е безбедна во овој момент“, изјави полицискиот полицискиот портпарол Енрике Кариљо.

Додаде дека според прелиминарните сознанија, било пукано во повеќе од дваесет луѓе, но дека не може да го потврди точниот број на смртно настраданите.

Откако Белата куќа објави дека претседателот е запознаен и континуирано информиран за нападот и развојот на ситуацијата во Ел Пасо, на Twitter се огласи и самиот Доналд Трамп кој напиша дека вестат е „многи лоша и дека има многу убиени“.

Во САД продолжуваат инцидентите со масовните пукања. Минатиот викенд напаѓач уби четири лица а рани уште 12 на годишниот фестивал на лукот во Гилрој во државата Калифорнија.