
Непосредно пред мечот помеѓу Албанија и Ерменија имаше масовна тепачка помеѓу две навивачки групи, домашните приврзаници и фракциите од Косово.
Како што јавуваат тамошните медиуми, на улиците на Елбасан имаше тепачка помеѓу две навивачки фракции, едната од Косово, а втората од Албанија.
Инцидентот се случил сосема спонтано, а во него биле повредени четири лица, а 10 лица се уапсени. Во тепачката биле користени палки, но и ножеви.
Благодарејќи на интервенцијата на полицијата бил спречен поголем инцидент.
За потсетување, Албанија со пресврт ја совлада Ерменија со 2:1 и остана во игра за пласман на ЕП во Франција.