За време на протестот во Мексико Сити поради полициската бруталност, демонстрантите фрлаа камења кон зградата на американската амбасада во Мексико.
Во исто време, властите уапсија тројца полицајци за да ја ублажат огорченоста и гневот на граѓаните поради смртта на еден млад човек во полициски притвор во Гвадалахара, пренесе Ројтерс.
Rioters in Mexico attack the US embassy pic.twitter.com/SCGJbrNidm
— Angel Rivera (@pr_conservative) June 6, 2020
Околностите за смртта на Лопез се нејасни, но видеото што беше дистрибуирано на социјалните мрежи покажува дека полицијата привела млад човек, кој бил идентификуван како Лопез.
Неофицијално, Лопез бил уапсен затоа што не носел заштитна маска, а демонстрантите во знак на протест запалија и уништија полициски возила и објекти.
Јавниот обвинител Џерардо Солис изјави дека тројца полицајци биле лишени од слобода поради смртта на Лопез.