Победникот на претседателските избори во САД, сè уште не е познат. Се води сериозна трка за позицијата прв човек на државата, а граѓаните со нетрпение ги очекуваат конечните резултати.
И додека се кршат копјата во клучните држави – од Аризона, преку Пенсилванија до Џорџија, граѓаните се шегуваат на социјалните мрежи дека Трамп, или барем Меланија, веќе ги спакува куферите и се подготвува да ја напушти Белата куќа.
NOT MELANIA MOVING OUT ALREADY AJFKSJCKSJCAKCK pic.twitter.com/qpYdADKi32
— rob (@gardenoutro) November 4, 2020
Имено, камерите снимија камион пред влезот на резиденцијата, што многу потсетува на камион за преселба, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
– Земете го пасошот на Трамп пред да избега од земјата – се наведува во една објава.
– Ги спакува уметничките дела и се подготвуваат да ја препуштат на Бајден – пишуваат корисниците на „Твитер“.
Други веруваат дека Меланија се иселува.
– Таа самата гласаше за Бајден, нема да го прави ова уште четири години – пишуваат други.
Засега не е познато зошто тој камион бил паркиран пред Белата куќа, но секако започна добра забава на мрежите.