Според најавите на астрономите денеска ќе се случи целосно помрачување на Месечината.
Ова ќе го означи почетокот на третрадата, ретка појава на четирите лунарни еклипси, од кои втората следи во октомври, а уште две следната година. Затемнувањето на Месечината е последица на паѓањето на сенката на Земјата на Месечината.
-Полната Месечина прво ќе делува малку потемно од вообичаеното, но луѓето набрзо ќе забележат многу потемна сенка која ќе ја надвива Месечината, а ќе биде со црвеникава боја, најави астрономот Џералд Меккиген.
Таканаречената „крвава Месечина“, според објаснувањето на астрономите, својата црвена боја ја добила благодарение на прекршувањето на сончевите зраци низ Земјината атмосфера.
Тој исто така наведува дека во текот на еклипсата, Марс јасно ќе се гледа, како огнено црвена ѕвезда покрај Месечината.