Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во Кривичниот суд во Скопје, каде треба да биде соопштена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“.
Од домот на Водно каде издржува куќен притвор, тој беше донесен со полициско комбе.
Придружуван беше од десетина полицајци, кои го следеа комбето со три возила.