![palanka2-960x552](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/palanka2-960x552-1.jpg?resize=696%2C400&ssl=1)
-Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
-Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор. Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура. Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот.
Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати!, пишува премиерот во објава на својата Фејсбук страница.