Вака изгледа надојден Вардар, шампионски Вардар. Вардар од Македонија шампион на Европа!, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВРМО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, веднашт откако РК Вардар во Келн по вторпат во историјата го освои тронот во Лигата на шампионите
…Нѐ направија горди во срцето на Европа. Вистинска радост за нашата земја. Нема запирање и тогаш кога е тешко, и тогаш кога има такви кои велат оваа е тешка задача. Вардар покажа дека се е можно, и дека победите се реалност, со срце, со сила, непокорност и со нескршлива верба во себе. Честитки за црвено црните на Вардар. Браво ШАМПИОНИ!, порача Мицкоски