(ВИДЕО) Мицкоски за Успение на Пресвета Богородица: Денешната порака да биде на обединување и надеж

Денеска е голем ден за православните христијани и очекувам она кое што како порака ќе пристигне од храмовите, но и од политичарите да биде порака на обединување, а не порака на поделби, порака на надеж, а не порака на разочарување како што за жал е денешното секојдневие, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ова се моменти кога навистина сите треба да се надминеме себе си, да ги надминеме нашите разлики без разлика дали се тоа политички или човечки, да си подадеме рака еден на друг и еден на друг да бидеме пријател.

Јас сум тука во Берово, потоа продолжувам во Пробиштип, продолжувам и во Крива Паланка.

Ја користам оваа прилика да го честитам и денот на рударите, на оние кои секојдневно се во рударските окна кои што се борат да ги прехранат своите семејства. Додадената вредност која што ја генерираат во економијата во Македонија е практично да овозможат подобар живот за сите граѓани во Македонија, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.