
Заев се однесува како подвоена личност.
Додека го продава идентитетот, се откажува од антифашистичката борба и преговара за придавката македонски, глуми лажен патриот и зборува за црвени линии.
Се колнеше во најмилото и подоцна се откажа од Македонија.
Кога ја рецитира стихотворбата за жицата, знаеме дека лаже, а Македонија бележи загуби. Погледнете како изгледа човек кој се однесува како подвоена личност, тоа е човек од кој не може да се очекува иднина.
Оставка на Заев, слобода на народот, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.