(ВИДЕО) Милошоски бара оставки поради сите лаги на Заев: Османи и Димитров климаа со главите на лагите

Пратеникот Антонио Милошоски на Фејсбук потсетува на сите, како што вели, лаги на Заев во однос на датумот за преговори со ЕУ и бара одговорност и оставки.

„Лажгото, кловновите и датумот за ЕУ

Заев во јули 2018 во Собрание лажеше дека датумот за ЕУ е добиен, навредувајќи ги пратениците од опозицијата, истовремено манипулирајќи ги и своите гласачи и симпатизери.

Најголеми кловнови од ваквите лаги на Заев, и тогаш и денес, испаднаа министрите за надворешни и евроинтеграции, Османи и Димитров, кои климаа со главите додека Заев ги лажеше граѓаните.
Истите министри денес бегаат од дискусија во Собранието, додека премиерот продолжува со лажењето. Последната лага на Заев е дека тој веќе го подготвил македонскиот народ за блокадата и недобивањето датум. Брука! Време е за оставки!“, вели Милошоски.