Кошаркарите на Милвоки се првите финалисти на Истокот после победата над Бруклин во „мајсторката“ со резултат 115:111.
Бакси триумфираа со конечни 4:3 во победи над можеби најголемиот фаворит сезонава за освојување на шампионскиот прстен во НБА лигата, иако Нетси во своите редови имаат звучни имиња како Кевин Дурент, Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, ДеАндре Џордан..
Дурент за Бруклин реализираше 48 поени, девет скокови и шест асистенции, никој нема досега таков учинок на поени во седмиот решавачки натпревар.
Во финалето на Источната конференција играчите на тренерот Мајк Буденхолцер ќе играат против победникот од дуелот Филаделфија сиксерс – Атланта хокс (3:3).
https://www.youtube.com/watch?v=RY8H8WL–h0&feature=emb_title