Министерот за полиција на Мадагаскар Серж Гале, еден е од двајцата преживеани во падот на хеликоптерот, кој падна на североисточната страна на островот, пишува Гардијан.
Тој, по падот на леталото, морал да плива 12 часа до брегот.
Истовремено, продолжува потрагата по уште двајца патници по несреќата што се случи во понеделникот, соопштија полицијата и локалните власти.
Гале и неговиот колега полицаец допливале до копното во приморскиот град Махамбо одвоено во вторникот наутро, вели шефот на крајбрежната управа Жан Едмонд Рандрианантенена.
На снимката која кружи по социјалните мрежи се гледа Гале како лежи во маскирна униформа на лежалка исцрпен.
„Уште не ми е време да умрам“, вели тој и додава дека не е повреден, но дека му студи.
Спасувачките екипи најдоа 18 тела, а се претпоставува дека загинале 39 луѓе во таа хеликоптерска несреќа.
Причината за несреќата уште не е позната.
♦️Le GDI Serge GELLE, un des passagers de l’hélicoptère accidenté hier a été retrouvé sain et sauf ce matin du côté de Mahambo.
☑️ Les sapeurs sauveteurs de la #4°UPC ont également retrouvé le carcasse de l’hélicoptère au fond de la mer. pic.twitter.com/sP2abwTMwB— Ministère de la Défense Nationale Madagascar (@MDN_Madagascar) December 21, 2021