ВИДЕО| Министерот Спасовски потврди дека Љупчо Палевски е уапсен во Турција, изнесе поединости

Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо, е уапсен во вторникот вечерта во Турција, потврди на вонредната прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Палeвски е осомничен дека е директен извршител на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, и 74-годишниот фирзер од Велес, а за учество во ова грозоморно злосторство се осомничени уште четири лица, меѓу кои и таткото на девојчето. Кривичната пријава против петмината има повеќе од 100 страници, посочи Спасовски.

„Прво како маж, како родител и државјанин на Македонија… Колегите од пријателска Турција пријавиле дека е уапсен планерот, главниот координатор и извршител на овие кривични дела. Тоа е последниот дел од овој страшен чин“, додаде министерот.

Петмината ги опиша како чудовишта, кои ја шокирале не само Македонија, туку и целиот регион. Спасовски повтори и дека по Палевски беше итно распишана таканаречена „црвена потерница“ од Интерпол, која е видлива во целиот свет.

Според Спасовски, Палевски бил возен во Белград со „шкода суберб“ и оставен во хотел.

„Потоа со „ленд ровер“ преку Бугарија е пренесен во Турција во градот Баликешир. Нашите полицајци контактираа со нивниот оперативен извор, кој ги известил дека осомничениот оттаму сакал да замине во Истанбул и дека се договорил со таксист. Тој останал во Баликешир каде што беше уапсен на улица. Тоа беше последната алка од грозоморниот чин што недостигаше за да може да се каже дека го решивме случајот. Постапката за екстрадиционен притвор е во рацете на Министерството за правда, а потоа тој ќе се појави пред судот. Затоа правдата треба да биде брза и целосно спроведена“, рече Спасовски на прес-конференцијата.

Додаде дека акцијата на Турција била одлична и повторно се заблагодари на тамошната полиција за добро завршената работа. Благодарност упати и до министрите за внатрешни работи на Србија, Бугарија… Хрватска каде што самостојно проверувале дали Палевски е на нивната територија, иако од македонска страна не било барано. Ианку хрватските власти имаат, исто така, одредени истраги и обвиненија за Палевски од сферата на финаксиски криминал од периодот кога престојуваше и работеше во Задар.

Спасовски покажа и документ од турската полиција кој го потврдува апсењето на Палевски. Нему му е одредена мерка притвор од 48 часа. Додаде дека Палевски, како што пренесоа македонските медиуми, не бил уапсен на граница, туку во внатрешноста на Турција.

„Очекувам екстрадицијата брзо да заврши“, рече министерот.

Македонскиот министер додаде дека денеска на територијата на Скопје се пронајдени два пиштола, кои ќе треба да ги вештачат, за да се утврди дали се поврзани со убиството на Вања и Панче. На улица бил пронајден и телефонот на девојката.

„По добиено известување од Турција креаторот, планерот, главниот координарот и директен извршител е фатен и лишен од слобода на нивна територија идентично со нашите оперативни сознанија на патеката на движењето“, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Љупчо Пачевски Палчо беше уапсен во Турција, откако на барање на македонското Министерство за внатрешни работи беше распишана итна меѓународна потерница од страна на Интерпол.

„Тоа е црвена потерница која во истиот момент стана активна во сите земји членки на Интерпол. Продолживме и со билатерална комуникација по нашите оперативни сознанија“, истакна Спасовски.

Посочи дека потстапката за екстрадиционен притвор продолжува по процедура, по барање на Министерството за правда, а по тоа Палевски ќе биде изведен пред лицето на правдата.

Министерот детално го објасни и движењето на Палевски по напуштањето на територијата на Македонија.

Screenshot / Спасовски ја покажува потврдата за лоцирањето на Палевски испратена од Турција

„Лицето од Скопје негов адвокат со возило негово ‘шкода’ е однесено во Србија, таму е оставено во еден хотел. Од таму наредниот ден го превзема друго лице од Скопје со возило ‘ровер’ и преку граничниот премин Градина влегува во Бугарија, има транспорт низ Бугарија и влегува во Турција. Во Турција оди во градот Баликесир. Нашите служби стапуваат во директен контакт со нивен оперативен извор кој за многу кратко време врати повратна информација дека тој се наоѓа во Баликесир и ни кажа за неговите намери, дека од тука сака да замине за Истанбул. Таму останува, се подготвува и со такси возач сака да оди во Инстанбул и тука симулира и повторно се враќа во градот. Денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен додека се движел пешки по еден од автопатите во Баликесир“, детално ја објасни Спасовски траекторијата на движење на Палевски.

Градот Баликесир е на 893 километри од Скопје, во регионот на Мармара.