Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров, Владо Мисајловски вечерва еуфорично беше пречека од своите сопартијци во општинскиот комитет во оваа скопска општина.
Кандидатурата на Мисајловски за Ѓорче, која беше објавена вчера, предзивика бура од воодушевување меѓу партиското членство кое едногласно ја поддржа кандидатурата и јасно навести дека се очекува убедлива победа уште во првиот круг закажан за 15-ти октомври.
Исто така, и жителите на Ѓорче Петров масовно му искажуваат поддршка на Мисајловски. Ѓорчепетровци, кои го познаваат како чесен, работлив, скромен и исполнителен, му веруваат на Мисајловски и најавуваат масовна излезност на изборите на 15 октомври за да го дадат својот глас за единствениот избор. Тие се убедени во победа уште во првиот круг, а некои од нив веќе го сметаат за свој градоначалник.
Во емотивната порака во која Мисајловски ја побара поддршката на своите сограѓани, им вети дека максимално ќе се заложи да го направи Ѓорче уште подобро место за живеење.
Нови проекти, објекти, инфраструктура… за добробитот на секое маало, секоја уличка, сокак, секоја куќа, благосостојба на секое семејство,просперитет на секоја единка… за сите мои другари, пријатели, роднини, соседи, познати и непознати, на сите мои драги сограѓани, нивните семејства, деца, внуци… од моето, од нашето заедничко Ѓорче. Сме биле и ќе бидеме како едно семејство, една куќа, една улица, едно маало, една населба, една општина… Едно и единствено Ѓорче Петров од кое заедно со Вас и самиот сум дел. Да сте ми живи и здрави, Ве чекам сите вас да се приклучите во заедничката ПОБЕДА, со отворено срце и отворена врата, во секое време и за секого… во нашето заедничко Ѓорче Петров, напиша искрено Мисајловски.
Безброј коментари со поддршка оставија неговите сограѓани на социјалните мрежи.
Најдобриот избор на кандидат за градоначалник, не само во Ѓорче! Но, само ние ѓорчевци ја имаме таа привилегија да имаме личност посветена, одговорна, чесна и работлива за наш градоначалник. Ѓорче го заслужува тоа! Честитки за кандидатурата, успехот нема да изостане, стои во коментар на социјалните мрежи.
Победа уште во 1 круг на Ѓорче му треба човек од доверба како Вас што знае и умее да направи капитални проекти за Ѓорче. Тоа до сега го докажавте со Вашата напорна работа, пишува во друг коментар.
Честитки!!! Вие бевте министер кој подеднакво се грижеше за сите граѓани од сите општини. Граѓаните од Ѓорче Петров треба да бидат среќни што ве имаат за кандидат, а по 15 октомври и официјално градоначалник, напишала жителка на Ѓорче Петров.
Честитки! Ѓорче ќе грми и победи уште во првиот круг, пишува во друг коментар.
Според реакциите на јавноста Мисајловски е одчичен избор на ВМРО–ДПМНЕ кој гарантира победа и во општината Ѓорче Петров за партијата и подобар живот за нејзините жители.