Тажна вест доаѓа од фудбалските терени во Индонезија каде по судир со противнички играч, почина голманот на локалниот член на Лига 3, клубот Торнадо.
Станува збор за младиот 20-годишен Тауфик Рамсјах кој доби удар во главата додека истрчуваше и ја собираше топката. Тој веднаш се онесвестил и во саботата бил пренесен во болница.
Итно бил опериран, но тамошните медиуми јавија дека починал во вторникот.
„Тажна вест! Почина Тауфик Рамсјах! Тој го сакаше овој спорт уште од детството и на крајот почина практикувајќи ја професијата што толку многу ја сака. Но, тој ни ја остави својата страст и порака за иднината“,
Baru nonton video insiden kiper Taufik Ramsyah.
Sumpah ini pemain lawannya bisa lho untuk menghindar tapi malah hajar terus sampe nabrak kepalanya Almarhum sampai retak kepalanya.Al-Fatihah untuk Almarhum..pic.twitter.com/vxmwK215yS
— SuporterFC (@SuporterFC) December 22, 2021