ВИДЕО| Млада скопјанка загина во тешка сообраќајка во Грција, сериозно повредени уште три жени сопатнички во возилото

Жена од Македонија загина во тешка сообраќајна несреќа во Грција која се случила во близина на градот Нисели на автопатот кој од Солун води кон Верија и Игуменица во западна Грција.

Според грчките медиуми, загинатата е 30-годишна скопјанка, додека три жени кои биле со неа во автомобилот се повредени.

Една од повредените Македонки била интубирана и пренесена во болница во Солун од грчката спасувачка служба и таа е во сериозна состојба. Сериозни повреди има жена на 27-годишна возраст која е на операција во болницата во градот Бер (Верија). Третата, 25 годишна жена е исто така повредена, но надвор од животна опасност.

Уште едно лице, маж на 74 години е повреден во несреќата во која загина жената од Македонија.

Најоштетено и целосно згмечено од задната страна е автомобилот од Македонија. На снимките кои ги објавија грчките медиуми се гледа дека загинатата и повредените биле извлекувани со помош на пожарникари кои користеле соодветна опрема и го сечеле автомобилот.

Грчката полиција врши увид.