Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека денеска е тажен ден за Европа по нападите во Брисел, во кои загинаа најмалку 21 лице.
Ова е многу тажен ден за Европа. Европа и Брисел ја чувствуваат истата болка, која Блискиот исток ја преживеал и продолжува да ја преживува секојдневно, истакна Могерини која се наоѓа во Аман.
Инаку, Могерини ја прекина прес-конференцијата откако низ солзи ги коментираше настаните од Брисел,
Таа држеше заедничка прес конференција со Министерот за надворешни работи на Јордан, Насер Јудех.