Деветгодишно момче од Флорида кое го нападна алигатор во езеро во близина на Орландо, успеа да му се спротивстави и да побегне.Како што пренесуваат американските медиуми, Џејсм Барди јуниор и неговиот другар се возеле со велосипед и одлучиле да се разладат во езерото Тохопекалига. Штом почнал да плива, Џејмс почувствувал болка на грбот и сфатил дека го гризнал алигатор.
„Бев престрашен, не знаев што да правам. Но имав доволно сила да му ја отворам устата и да испливам до брегот,“ изјави момчето од болница каде што моментно заздравува.
Алигаторот го гризнал трипати и му оставил 30 лузни од заби по стомакот, грбот и нозете.Лекарите во една од раните пронашле и заб, кој Џејмс сака да го сочува како „сувенир“ од оваа страшна авантура.
„Забот е прилично голем. Ќе го закачам на ланче да го видат другарите,“ додава момчето.