ВИДЕО: Морничава снимка од „тврдината на чумата“

Документирани се морничави снимки од кралската „тврдина на чумата“, која се наоѓа среде Финскиот залив во најисточниот дел на Балтичкото море, објавува РТ, пренесува НетПрес.

Добредојдовте во Александровата тврдина, односно, поранешна руска островска тврдина која исто така служела како лабораторија за испитување чума и други инфекции, и одвојте време да го доживеете минатото преку фантастично доловени воздушни снимки, се вели во објавата.

Тврдината е именувана по рускиот император Александар I, владетелот на Русија за време на катастрофалната Наполеонова зимска кампања, и претставува една од неколкуте подигнати во Финскиот залив во средината на 19-тиот век.

Ѕидините имале за цел да го бранат островот – пристаниште „Кронштат“, понатаму и Санкт Петербург, тогашен главен град на Русија, кој се наоѓал на копното на исток.

Кон крајот на 19-ти век, застарената тврдина Александар била пренаменета за истражување на заразни болести. Нејзината изолирана локација на мало островче, со само едно пристаниште, се сметала за сосема соодветна за улогата на карантин, бидејќи го ограничувала проширувањето на можна епидемија. И навистина се покажало како точно, со оглед дека четворица лекари се заразиле со чума во две различни прилики и половина од нив умреле, но болеста не се проширила. Сепак, епитетот „Тврдина на чумата“ и остана на оваа локација до ден денес.