Масовни гробници со околу 1.700 тела на заробени ирачки војници кои џихадистите на Исламска држава ги убиле биле пронајдени во градот Тикрит, во близина на американска воена база.
Иранските форензички тимови го започнале ископувањето на телата од 12 масовни гробници откако војската неодамна го ослободи градот од исламистите.
Телата ќе бидат идентификувани со користење на ДНК примероци, бидејќи голем број семејства никогаш не добиле потврда за смртта на своите најблиски.
Истражителите соопштиле дека досега извлекле остатоци од околу 20 тела.
Војниците биле убиени во јуни 2014 година кога ИСИС објави фотографии и видео снимки од егзекуциите на главно шиитските војници. Според изјавите на сведоците, џихадистите пред егзекуциите проверувале дали се војниците шиити. Доколку биле, веднаш отворале оган.
Се смета дека масакрот на ирачките војници е најмасовниот поединечен злочин во деценискиот секташки конфликт во Ирак.
Извор: МКД.мк