Украинските милитанти отстапувајќи се од Свјатигорск, во проруската источна област Доњецк, со истрели од тешки митралези го запалија дрвениот скит (манастир) во Свето-Успенската лавра, соопшти во саботата руското министерство за одбрана.
„Во текот на повлекувањето (…) единиците на 79-та воздушно-десантна јуришна бригата на Вооружените сили на Украина на украинските националисти го запалија дрвениот скит на Сите свети на земјата на руската Свето-Успенска Свјатигорска лавра“, соопштија од Москва.
Се појаснува дека според сведочењата на локалното население, украинските борци истрелале запаллива муниција од митралези со голем калибар поставени на оклопно возило од типот „Козак“ дрвената градба на храмот. Потоа со голема брзина се упатиле кон југ во правец на Сидоров кој е под контрола на украинските сили.
Истовремено руското министерство за одбрана истакнува дека руските единици, кос е наоѓаат северно од Свјатигорск, не изведуваат никакви воени операции во областа и не отвораат оган на територијата којашто е прогласена за историско-архитектонски споменик.
Претходно дека во Свјатогорската лавра гори Сесветскиот скит соопшти информативно-просвветителскиот оддел на Украинската православна црква којашто дејствува во рамките на Московската патријаршија. Засега нема информации за загинати или повредени.
Овој верски комплекс е обновен во Свјатигорск во 2009 година, на местото на истоимениот храм кој бил разнесен до динамит во 1947 година. Дрвениот храм со 17 куполи, е обновен во традицијата на руската црковна архитектура од XVI-XVII век.
Свјатогорската лавра и порано била цел на украинските сили, на 1-ви јуни таму загинале архимандритот Галактион и уште двајца од тамошното монашко братство, а уште тројца монаси буле ранети, пренесува агенцијата РИА. Кон крајот на март, недалеку од мостот, кој се наоѓа на влезот на манастирот паднала бомба во чија експлозија биле уништени прозорците и вратите на храмовите. Во лаврата во тоа време се засолниле повеќе од 500 бегалци меѓу кои и 200 деца, но немало настрадани.