Приврзаници на украинските неонацистички формации заробени од страна на руските безбедносни служби признале дека биле планираните убиства на директорот на Россия сегодня, Дмитриј Киселев, главниот уредник на агенцијата RT Маргарита Симонјан, влијателниот руски телевизиски новинар Владимир Соловјев, се дознава од видеоснимката што ја објави руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
„Се разгледуваше за убиства на луѓе кои вршат пропаганда, односно за Соловлјев, Киселев, Скабеев и Попов, Косанјан, Сомонјан“, вели на снимката еден од уапсените украински разузнавачи-диверзанти.
Уапсените потврдиле дека ги добиле задачите од разузнавачката Служба за безбедност на Украина (СБУ). Според признанието, тие наводно имале намера да го егзекутираат Соловјев што е можно побрзо. Покрај тоа, според истиот извор, трабало да бидат подметнати пожари во регрутни центри и автомобили со симболи за поддршка на руската операција во Украина.
За спречениот антентат врз новинарот Соловјев, јавноста ја извести рускиот претседател Владимир Путин, истакнувајќи дека нападот бил подготуван по наредба од Киев.
Путин притоа порача дека Москва поименично ги знае покровителите на „украинските нацисти од западните служби“, во прв ред американската Централна разузнавачка агенција (CIA), „кои даваат совети како да се убијат новинари“.
Руското ФСБ извести дека се приведени лицата кои ги подготвувале атентатите врз руските новинари. Истрагата покажала дека станува збор за членови на неонацистичката терористичка организацја „National Socialism/White Power“ државјани на Русија кои постапувале по инструкции по украинската СБУ, и кај кои е откриен голем арсенален различно оружје, фалсификувани лични исправи и националистичката литература.
Според придведените, поубиството на Соловјов, тие планирале да пребегаат во странство.
Новинарот Киселев, коментирајќи ги заканите од Киев, потсети дека прогонот на новинари во Украина „одамна стана секојдневние и дека во моментов нема посуров третман на медиумите никаде во светот“.
Украинското разузнавање (СБУ) подоцна негираше дека имале какви и да се планови за убивање на рускиот телевизиски новинар Владимир Солвјев, но не ги коментираше видеоснимките кои ги емитуваше руската ФСБ,.
„СБУ нема планови да го убие В.Солвев“ соопшто украинската служба на Telegram kanalot, додека официјален Киев, ниту Западот не реагираа досега на овие информации од Москва.