ВИДЕО| Москва објави за уништување на два британски ракетни система „Harpoon“

Руските војски во изминатото деноноќие, меѓу другите борбени дејствија, уништиле и две инсталации на крајбрежниот ракетен противбродски систем „Harpoon“ доставени во Украина од Велика Британија, објави во петокот на редовниот дневен брифинг министерството за одбрана во Москва.

Кон крајот на јуни украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников објави дека Киев започнал да ги добива противбродските ракети „Harpoon“ од Данска и самоодни хаубици од САД. „Крајбрежната одбрана на нашата земја не само што ќе биде зајакната со ракетите Harpoon, туку ќе ги користат и обучени украински екипи“, напиша Резников на социјалните мрежи.

Тогаш Резников објави и дека споменатите ракети ќе бидат користени со постојните украински „Нептун“ во одбрана на брегот со напади врз руските воени бродови, вклучително и последното големо пристаниште на Црното Море во Одеса. Прецизираше дека набавката на ракетите „Harpoon“ е резултат на соработката меѓу неколку држави, додавајќи дека пратката од Данска била остварена „со учество на британските пријатели“.

„Со оружје со висока прецизност истрелано од море, во областа на местото Лиман во регионот на Одеса, уништени се две инсталации на крајбрежниот ракетен систем Harpoon испорачани од Украина“, објави руското министерство за одбрана.

Претходно седмицава во средата руското министерство за одбрана објави и дека руските воздухопловни сили уништиле два американски система за повеќекратно лансирање од типот М142 HIMARS (MLRS) на граничните области во самопрголасената доминантно проруска источна покраина Доњецк.

Руското министерство за одбрана во петокот, исто така, објави и дека руските воздухопловни сили уништеле и два лансерни система за балистичките ракети „Точка-У“ и повеќе од 150 припадници на украинската војска во областа на градот Краматорск, кој е единствениот голем град во административните граници на одметнатата Народна Република Доњецк кој е сѐ уште е под контрола на силите лојални на Киев.

Во областа на источниот украински град Николаев, кој е под контрола на проруските сепаратисти и руските единици, руски борбен авион „Су-35С“ соборил два украински авиона „МиГ-29“ и „Су-25“, а противвоздушните системи на руските сили собориле уште еден украински „МиГ-29“ и девет беспилотни летала на украинската армија.

Руските трупи, исто така, успеале да потиснат од нивните претходни позиции и четири украински ракетни систем за повеќекратно лансирање, исто така, на територијата на регионот Доњецк којашто ја контролира Киев, тврди Москва,

Во прелиминарниот извештај на руското министерство за одбрана за изминатите 24 часа, се наведува и дека во местото Мајаки во Доњецкиот регион биле уништени шест борбени возила за повеќекратни ракетни системи за лансирање „БМ-21 Град“ и складиште за муниција,

Покрај тоа, во регионот на Николаев биле убиени 375 припадници на разните украински борбени формации, вклучително и оние коишто Москва ги означува како „неонацисти“. Вкупно изминатото деноноќие, руските трупи погодиле 156 позиции на кои била распоредена жива сила на украинската војска.

Неодамнешното заземање на Лисичанск на проруските и руските сили ќе им овозможи напредување кон Славјанск и Краматорск, двата преостанати поголеми градови во индустриската област Донбас кои се под контрола на украинските сили. Покрај тоа, конфигурацијата на теренот околу Лисичанск им овозможува сега на руските сили погодни позиции за напади врз цели кон централните региони на Украина.