Повеќе илјади луѓе протестираа во Варшава против одлуката на Уставниот суд со која се воведува скоро целосна забрана за абортус, барајќи оставка од конзервативната влада.
Полицијата се обиде да ги запре неколку пати и на крајот успеа да ја блокира улицата каде што се наоѓа куќата.
Во текот на ноќта, група земјоделци кои ја обвинуваат владата дека е пасивна кон паѓање на цените на храната, оставија мртва свиња пред зградата и расфрлаа компири и јајца по улицата во центарот на Варшава.
https://www.youtube.com/watch?v=Rmn1f4x8d9o&feature=emb_logo
Протестите се одржуваат и покрај пандемијата на коронавирус, која досега однесе над 22.000 животи од вкупно 38 милиони жители на Полска.