Мумифицираните останки на 22 кралеви и кралици на древен Египет во саботата се преместуваат во величествена процесија по улиците на современата престолнина Каиро до нивното ново почивалиште.
Историската процесија на кралските мумии почна од централниот Плоштад Тахрир во Каиро конх новото почивалиште во 18 часот по локално време, а голем број Египќани излегоа на улиците да бидат сведоци на спектаклот кој чинеше милиони американски долари. Целата церемонија диреткно се пренесува на телевизиите.
Секененре Тао Втори нарекуван Храбриот, кој владеел со јужен Египет околу 1.600 година пред Христа, се наоѓа во првата кочија, додека на крајот е Рамзес Деветти, кој владел во XII век прд Христа. Рамзес Втори и лралицата Хатшепсут, исто така, се во фараонскиот конвој.
Египет беше соочен со голем раст на заразените со коронавирусот пред една година, но по падот на новите коронаинфекции и смртни исходи, рестрикциите за собирите на надворешни простори се укинати, па љубопитниците можат да ја следат поворката.
Посмртните останки на 19 кралеви и четири кралици, наредени според староста, се пенесуваат на одвоиените платформи украсеи во древноегипетски стил во процесијата наречена „Златната поворка на фараоните“. Саркофазите со мумиите се преместуваат од Египетскиот музеј во центарот на Каиро, каде што се чуваа со децении, во Националниот музеј на египетската цивилизација, отверен во 2017 година во јужниот дел на престолнината на модерен Египет.
„Таму ќе бидат сместени во помодерни витрини. Контролата на температурата и влажнсота ќе биде подобра отколку во стариот музеј“, изјави Салима Икрам, професорка по египтологија на Американскиот универзитет во Каиро која воедно е и стручњак за мумифицирање.
Мумиите ќе бидат сместени во Кралската сала на мумиите и ќе може да се видат од 18-ти април. Салата е конципирана така што посетителите ќе имаат чувство дека се наоѓаат во славната Долина на кралевите во древниот Луксор.
Во своето ново почивалиште секоја мумија ќе биде изложена одвоено, секоја покрај својот сакрофаг, а во некои случаи и покрај статуа. Експонатите ќе имаат куси текстови со биографија на владетелот и во некои случаи копии од ЦТ снимки.
Откриени недалеку од Луксор почнувајќи од 1881 година, повеќето од 22-те мумиии беа изложени од почетокот на XX век во Египетскиот музеј на Плоштадот Тахрир. Од 1950-те години беа изложени во мала одаја, една покрај друга, без ознаки и појаснувања.
Пред селењето мумиите се ставени во посебни контејнери со азот, во услови слични на оние во нивните изложбени витрини.
Националниот музеј на египетската цивилизација беше завршен во 2010 година, а требаше да биде отворен во 2012 година. Меѓутоа тоа отпадна по бунтот од ткн Арапска пролет во 2011 година која го зафати и Египет што доведе до промена на децениската власт, а потоа следеше политичката нестабилност во времето на владеењето на исламистите а потоа и бунтот со кој и тие беа соборени и честите џихадистички теориристички напади.
Во скоро време Египет би требало да отвори уште еден грандиозен изложбен простор, Големиот египетски музеј, не далеку од пирамидите во Гиза. Во него, исто така, ќе се наоѓаат фараонски колекции, меѓу кои и мумифицираните останки на кралот Тутанкамон.