![bolnica irak](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/bolnica-irak.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Бројот на жртвите во пожарот кој избувна ноќта кон вторникот во болница за пациенти со коронавирус во градот Насирија во јужната провинција Ди-Кар се искачи на 77, објави во вторникот телевизијата Al Hadath, повикувајќи се на ирачки извори.
Откако пожарот беше ставен под контрола, продолжена е операцијата за спасување во ковид-болницата „Имам Хусаин“, од каде биле спасени најмалку 70 лица, но неколку десетици останале блокирани, пренесе телевизијата Al Arabiya повикувајќи се на извор од ирачкото министерство за здравство.
Според првичните сознанија, веројатна причина за пожарот е експлозија на резервоарот со кислород на ковид-одделот. Медицински извори стравуваат дека бројот на загинатите може да се зголеми, бидејќи не може да се пристапи до блокираните луѓе.
Станува збор за втор голем ваков инцидент предизвикан од резервоар со кислород во Ирак. На 24-ти април пожарот во билницата „Ибн ал-Хатиб“ во главниот град Багдад загинаа 82 лица, а 110 беа повредени.
مشاهد من حريق مستشفى الحسين بمحافظة #ذي_قار #العراق#العربية pic.twitter.com/7kV3gxtAI7
— العربية (@AlArabiya) July 13, 2021