ВИДЕО на Алфа I Во бегството на Груби клучна улога имале партиски стуктури во МВР од ДУИ

Недела – 15 декември. Артан Груби во раните утрински часови влегува во дипломатскиот „мерцедес“ со црни таблички на негов добар пријател – почесниот косовскиот конзул Арсим Папранику, пренесува ТВ Алфа. Од него бара помош да ја напушти Македонија. Очигледно, претходно партиските структури во МВР со кои ДУИ ја полнеше полицијата цели 20 години, му дојавуваат дека се подготвува негово апсење поради случајот Лотарија. Додека инспекторите се спремаат да влезат кај него дома, Груби како совозач на Папранику, веќе се упатени кон граничниот премин „Блаце“.

Тука Груби повторно ги користи своите полициски инсталации. Граничарот го зема дипломатскиот пасош на Папранику и македонскиот од Груби, но не го регистрира „мерцедесот“ дека ја напушта Македонија.  Заведува дека бегалецот и неговиот пријател пешки ја минале границата, ги поминува пасошите преку компјутерскиот скенер, веднаш им ги враќа патните исправи без да почека системот да извести дека Груби е веќе под мерки на полицијата. За него била активна мерката „задржи и веднаш извести“, но залудно затоа што дипломатскиот „мерцедес“ веќе е на косовска територија.

Не само што го пуштиле да ја мине границата, неделата утрото, непосредно пред дипломатскиот „мерцедес“ да дојде до „Блаце“, случајно или не, камерите остануваат без батерии. Петте граничари кои тогаш се на смена го известуваат шефот дека мобилниот систем не им работи бидејќи батериите не можеле да се наполнат. Тој не презема ништо и проблемот не го евидентира дека воошто и настанал.

  • „..Е утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. откако МССК биле вратени, истите не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со МССК“ – стои во соопштението од МВР.

Граничарот и шефот на смена, кои ги пуштиле Груби и Папранику лесно да ја напшуштат Македонија веќе се суспендирани од работа, и се чекаат резултатите  од истрагата и дисциплинската постапка против нив.

ВИДЕО ОД ПРИЛОГОТ НА АЛФА ТВ