Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот го прекина телевизиското интервју во живо, по што им се извини на гледачите, објаснувајќи дека има повремени стомачни болки.
Шеесет и деветгодишниот турски лидер одржа три предизборни говори во вторникот пред парламентарните и претседателските избори на 14 мај.
Сепак, неговото појавување на ТВ Улке доцнеше повеќе од 90 минути, а потоа го прекина разговорот на десет минути од почетокот на емисијата.
Камерата се затресе, а новинарот кој го постави прашањето стана од столот и гледаше зачудено, по што беше прекинат преносот.
Од зад камерата се слушаше неидентификуван глас како воздивнува.
Ердоган се врати околу 15 минути подоцна, објаснувајќи дека му е лошо.
– Вчера и денеска беа напорни денови. Поради тоа добив стомачен вирус. Во еден момент се запрашав дали би било погрешно разбрано ако го откажеме интервјуто. Но, ветивме. Им се извинувам на сите – рече Ердоган.
Cumhurbaşkanı Erdoğan:
🔴”Dün ve bugün yoğun kampanya çalışmaları sebebiyle, ciddi manada üşütmüşüm.”
🔴”Bir ara programı iptal etsek yanlış anlaşılır mı diye düşündüm, sonra dedim ki söz verdik gideceğiz.”
🔴”Sizlerden ve milletimden helallik diliyorum.Helal Olsun
ALLAHIM… pic.twitter.com/2KyI7EL00s
— Siyahinci208 🇹🇷 (@siyahinci208) April 25, 2023