
Единаесет лица загинале а уште неколкумина се пренесени во болници по пукање во вторникот во училиште во рускиот град Казан, пренесува агенцијата РИА повикувајќи се на руското министерство за вонредни состојби.
Двајца ученици настрадале откако скокнале од третиот кат на училиштетот. Истовремено, претседателот на републиката Татарстан, Рустам Миниханов, објави дека седум од жртвите, четири момчиња и три девојчиња, биле ученици во осмо одделение. Според него хоспитализирани се 16 лица, дванаесет деца и четворица возрасни.
Првичните извештаи од теренот е контродикторни, бидејќи според некои извештаи двајца тинејџери се вмешани во нападот, а според други дека имало само еден напаѓач.
Според агенцијата Интерфакс биле два напаѓача, а вториот можеби сѐ уште е во зградата.
„Вториот напаѓач кој го напанал училиштето во Казан и кој бил заробен во зградата е ликвидиран“, изјави извор од безбедносните сили за агенцијата ТАСС.
Агенцијата РИА наведува дека еден напаѓач е уапсен, како и дека се слушнала експлозија во училиштето.
Силите за воспоставување на редот уапсиле еден адолесцент, за кој се сомнева дека стои зад нападот, велат безбедносни извори. Учителка за агенцијата ТАСС вели дека била во класот кога слушнала експлозија.
Засега не се шпекулира со можните мотиви за масовното крвопролевање. Видеоснимки покажуваат апсење на млад маж пред училиштето
Видеоснимките на социјалните мрежи прикажуваат возила на итната медицинска помош кои се паркирани пред училиштето и луѓе кои трчаат кон здрадата. Прикажани се и снимки со скршени прозорци и остатоци пред училиштето.
Властите на Татарстан, руската мнозински муслиманска република чиј главен град е Казан на 725 километри источно од Москва, објавија дека е засилена безбедноста во другите училишта во градот.
Пукањата во училишта во Русија е ретки. Едeн од последните такви инциденти се случи на црноморскиот полуостров Кирм, каде во 2018 година студент на тамошниот универзитет уби 19 лица и себеси.