![erupcija kongo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/erupcija-kongo.jpg?resize=696%2C385&ssl=1)
Најмалку 13 лица загинале во ерупцијата на вулканот Нијарагонго во Демократска Република Конго, соопшти во неделата владиниот портпарол Патрик Муаја.
Додаде дека повеќе од десет земјотреси се регистрирани во областа на ерупцијата,.
Муаја го повика локалното население да биде претпазливо и следните денови, строго придржувајќи се до упатствата на локалните власти, додека се очекува одлуката на гувернерот на покраината да се вратат во нивните домови.
Како што потврди гувернерот на провинцијата Северно Киву, Констан Ндима, пет лица загинале во сообраќајна несреќа во текот на паничната евакуација од градот Гома.
Претходно жителот на градот Гома, епископот Ели Клод Мбамба Мусанго, изјави дека можеби над 100 луѓе загинале во вулканската ерупција. Според него, еден од храмовите во кои тој е пастор бил уништен од силен пожар.
Во саботата локалните медиуми објавија дека околу 19 часот вечерта по локално време еруптирал вулканот Нијарагонго, во близина на градот Гома со околу 670.000 жители во провинцијата Северно Киву.
Агенцијата AFP пренесе дека во Гома, на 20 километри од вулканскиот масив, е прекинато снабдувањето со електрична енергија, како и дека многу жители во паника почнале да бегаат кон границата со соседна Руанда. Според локалниот весник Actualite, во саботата најмалку пет илјади луѓе ги напуштиле своите домови, но во неделата постепено почнале да се враќаат во Гома.
Вулканот Нијарагонго се наоѓа на 20 километри северно од езерото Киву, и е висок 3.470 метри. Нијарагонго, кој е дел од Албертиновата пукантина, е познат по својата многу течна лава поради посебниот хемиски состав. Брзината на движењето на лавата низ падините на вулканот достигнува до 96 километри на час.
Вулканолозите стравуваат дека вулканската активноста регистрирана последните пет години е слична на онаа забележани во годините кои претходеа на големите ерупции од 1977 кога загинаа над 600 луѓе и во 2002 година со над 250 жртви а 120.000 луѓе откако лавата се слеа во Гома, кога беа уништени 20 отсто од градот.