ВИДЕО| Најмалку 40 мртви во пожар во ковид-болница во Ирак

Загинале најмалку 40 луѓе а уште други 20 се повредени во пожар што избувнал во ковид-болница во Насирија на југот на Ирак, објави државната новинска агенција INA во понеделникот вечерта.

„Екипите за итна помош изнесуваа полијагленисани тела од болницата, додека многу од пациентите тешко дишеа и кашлаа од чадот“, ја опиша ситуацијата од местото на несреќата репортерот на Reuters.

Откако пожарот е ставен под контрола, продолжена е операцијата за спасување во ковид-болницата „Имам Хусаин“, од каде биле спасени најмалку 70 лица, но неколку десетици останале блокирани, пренесува телевизијата Al Arabiya повикувајќи се на извор од ирачкото министерство за здравство.

Според првичните сознанија, веројатна причина за пожарот е експлозија на резервоарот со кислород на ковид-одделот. Медицински извори стравуваат дека бројот на загинатите може да се зголеми, бидејќи не може да се пристапи до блокираните луѓе.

Станува збор за втор голем ваков инцидент предизвикан од резервоар со кислород во Ирак. На 24-ти април пожарот во билницата „Ибн ал-Хатиб“ во главниот град Багдад загинаа 82 лица, а 110 беа повредени