(ВИДЕО) Најмалку 62 мртви во експлозија на цистерна за гориво во Танзанија

Најмалку шеесет луѓе загинале во саботата во експлозија на цистерна за гориво во источна Танзанија, пренесуваат агенциите повикувајќи се на властите.

Цистерната за гориво се превртела во Морогоро, оддалечен околу 180 километри западно од најголемото танзаниско трговско пристаниште Дар-ес-Салам.

Локалното население се обидувало да го извлече горивото од оштетената цистерна, кога дошло до експлозија, рекол очевидец на трагедијата. Многу луѓе загинале, па дури и оние кои не го краделе горивото, бидејќи станува збора за фреквентна област, додал друг сведок.

На видео снимки од пред експлозијата, објавени во локалните медиуми, може да се види толпа како се обидува да извлече гориво во канистри по сударод на возила.

Во Танзанија, но и во многу други африкански земји, чести се смртоносните сообрачајни несреќи поради слабо одржуваната патна инфраструктура, како и во обидите на локално население по хаварија на цистерни да да дојде до гориво. Во мај во Нигер загинаа 58 лица во експлоија на нафта. Во јуни сличен инцидент се случи во Нигерија, каде што смртно настрадаа 50 лица.