ВИДЕО| Најмалку две жртви во пукање во централен Израел

Најмалку две лица се убиени во неделата во пукање во централниот израелски град Хадера, а двајцата напаѓачи биле застрелани од прикриени припадници на полицијата кои дејствувале на самото место, пренесува весникот Haaretz.

Според првичното соопштение на полицијата, двајцата напаѓачи се убиени а тројца полицајци се ранети. Се додава дека станува збор за „сомневање за терористички напад“.

Според привичните сознанија, двајца полицајци се во критична состојба, како и двајцата напаѓачи, но останува нејасна а очевидци рекле дека бројот на жртвите можеби е и поголем.

Службата за итна медицинска помош „Маген Давид Адом“ објави за четворица ранети, двајца мажи на возраст од 20 години, 45-годишен маж и 20-годишна девојка.

„За среќа, нашите полицајци успеаја да ги неутрализираат напаѓачите и да спречат поголем терористички напад“, изјави портпаролот на израелската полиција Ели Леви за телевизијата Kan.

Нападот доаѓа во време кога министрите за надворешни работи на Израел и на четирите арапски земји се состанаа во Негив на историскиот самит, на кој се придружи и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Претходно во вторникот во напад со нож во јужниот град Беер Шева, во кој беа убиени четири лица, а две жени беа ранети. Напаѓачот, кој како што соопшти полицијата ѝ бил познат како приврезаник на Исламската држава, беше застрелан. Тоа беше третиот напад со нож во Беер Шева во една седмица.

Ден претходно маж беше ранет во друг напад со нож во Ерусалим. Напаѓач, локален Палестинец, беше застрелан од полицијата и во критична состојба во болница.

Израелската војска неодамна изрази загриженоста поради влошената безбедност во палестинските енклави Западниот бег (на реката Јордан) и источен Ерусалим, кои меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински територии во ткн Шестдневна војна од 1967 година.