Бројот на загинатите во пукањето во Националниот истражувачки универзитет во Перм во понеделникот, пренесува агенцијата ТАСС повикувајќи се на извори од руските истражни органи,
Напаѓачот влегол на територијата на универзитетот во Перм и отворил оган врз студентите и професорите. Луѓето бегале, а некои дури и скокале од прозорците.
„Околу 11 часот по локално време (8 часот по средноевропски време) непознат вооружен напаѓач упадна во кампусот на Пермскиот универзитет и отвори оган“, соопшти универзитет.
„Како резултат на нападот осум луѓе загинаа, а уште неколку се ранети“, се наведува од рускиот Истражен комитет во кусата изјава, без повеќе поединости.
Малку подоцна, истражните органи соопштија дека напаѓачот е студент и оти неговиот идентитет е утврден као 18-годишниот Тимур Бекмансуров, кој се забарикадирал во една од училниците. Во текот на апсењет пружил отпор при што бил ранет.
Update on mass shooting at Russia University in #Perm: 8 killed https://t.co/nxi0uJd6g4
— FinTwit (@wallsteetbets) September 20, 2021