Најмалку шест луѓе загинале а уште шест други се ранети кога автобусот со кој превезувале во Доњецк, главниот град на одметнатата по превратот во Киев во 2014-та доминантно рускиот и рускојазичен регион на југоистокот на Украина, бил погоден од украинска граната, соопшти за медиумите Алексеј Кулемзин.
„Според добиените информации, шест лица загинаа во гранатирањето на Покриениот пазар, а уште шест лица се ранети. И натаму добиваме информации за настрадани“, објави Кулемзин на својот Telegram канал.
Претходно беше објавено дека цел на украинското гранатирање била градската администрација на Доњецк.
Кулемзин претходно објави дека центарот на градот бил гаѓан со артилерија од 155 милиметри испорачана од земји од НАТО. Прецизирал дека една граната ја погодиле зградата покриен пазар во градот, како на една од главните улици.
Проруските сепаратисти од Доњецк, кои како и оние од Луганск, Херсон и Запорожје, кои се под контрола на руските сили и се подготвуваат за референдуми за присоединување на Русија, последните месеци известуваат за интензивни ракетирања со ракетни системи со долг дострел кои украинската војска ги доби од западните земји.
На почетокот од седмицата лидерот на сепаратистите во Доњецк, Денис Пушилин, објави дека во регионот во украинските удари загинале повеќе до десет илјади луѓе, од кои најмалку 500 деца.