
Најмалку шест лица загинале во неделата во пожар за складиште за цвеќе во фреквентен кварт на руската престолнина Москва, соопштија тамошните служби за вонредни ситуации.
Според истиот извор, спасени се седум работници од пожарот кој избувна во неделата попладнето во двокатна магацинска зграда од тули на плоштадот „Комсомолскаја“.
Пожарот во магацинот бил локализиран уште во 18,20 часот, а по 22 часот бил ликвидиран пожарот на надворешните области на објектот. А пред полноќ по московско време пожарот бил целосно изгаснат.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 42 возила и опрема, со над 120 припадници на московското Министерство за вонредни состојби, како и противпожарна железничка композиција.
Прелиминарната истрага покажала дека пожарот избувнал поради грешка на електричниот систем за загревање на складиштето за цвеќиња.