Шест или седум лица, според различни извори, загинале а уште меѓу 25 и 27 се повредени во четврток во пожар кој го зафатил институтот за воени истражувања во Твер, 160 километри од Москва, пренесуваат руските новински агенции повикувајќи се на спасувачките служби и на локалните власти.
Станува збор за едно од зданијата на Централниот истражувачки инстотут на руските аеронаутички сли. Според изјавите на очевидци за руските телевизии, некои вработени во институтот морале да скокнат низ прозорците од повисоките катови на зградата за да побегнат пред поќарот кој зафатил површина под 1.500 квадратни метри.
Неколку од повредените се наоѓаат во болница, од кои тројца се на реанимација, изјавил портпаролот на болницата во Твер за агенцијата ТАСС.
Според прелиминаните информации од истрагата, пожарот избувнал веројатно поради старите електрични инсталации во еден од кабинетите на вториот кат од административниот дел на центарот. Огнот брзо се проширил преку дрветни подовои и празнините и ги зафатил горните три од четирите катови, додека траела евакуацијата на вработените.
Институтот во Твер, според руското министерство за одбрана, меѓу другото се занимава и со изражување и развој на нови системи на противвоздушната одбрана.