Најмалку три лица, од кои две деца, загинале а уште четири други се повредени откако во понеделникот украинските сили гранатирале пазар во одметнатиот проруски источен регион Доњецк, соопшти штабот за територијална одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република.
„Како резултат на гранатирањето од страна на украинските вооружени формации во Буденовската област во Доњецк, на територијата на пазарот Мајски загинаа три лица а четири се повредени“, се наведува во објавата на Telegram каналот на проруските сепаратисти.
Други извори за агенцијата рекле дека има повеќе од десетина ранети, со изгореници и од шрапнели од проектилите.
Претходно новинската агенција од Доњецк објави дека девојче и момче загинале кога проектили го погодиле пазарот. Според овој извор, биле уништени повеќе продажни места на пазарот, каде што избувнал и пожар.
Според информациите од Доњецк, градот и повеќе населени места во понеделникот биле цели на гранатирање од повеќекратните ракетни системи „Град“, како и од 155-милметарско артилериско оружје, какво што користат земјите од НАТО.
Дописникот на руската агенција ТАСС, центарот на Доњецк во понеделникот бил одново гранатирање, а детонации биле слушнати во најмалку три населби во градот.