Најмалку 108 полицајци се повредени во понеделникот во Франција од нив дваесеттина во главниот град Париз, на собирите по повод Меѓународниот ден на трудот, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Жерар Дерманен, додавајќи дека 291 лице е приведено ширум земјата, од кои 90 во главниот град.
Толкав број повредни припадници на силите за зачувување на редот „на 1-ви мај е исклучителна реткост, додаде Дерманен изразувајќи „остра осуда на насилствата“. На полицаецот кој во Париз е погоден со Молотов коктел му се „изгорени лицето и рацете, но не е му е загрозен животот“, додаде министерот за внатрешни работи.
Во Париз, каде поворката започна во 14 часот по локално време, биле ангажирани 5.000 полицајци.
Во понеделникот повеќе стотици илјади луѓе ширум Франција учествуваа во традиционалните првомајски маршеви кои ги одбележаа протестите на обединетите синдикати против пензиската реформа на владата на претседателот Емануел Макрон, како и насилства предизвикани од маскирани анархистички активисти во кои се повредени стотина полицајци.
Иако одѕивот на граѓаните бил, според процените на полицијата, била далеку од рекордното ниво од крајот на јануари, кога според процените на улиците излегле речиси 1,3 милиони луѓе, на годинешниот протест успеал да собере поголем број отколку вообичаено, и тоа по 12-те денови протести.
Еден од водечките синдикати CTG проценува дека на парискиот собир учествувале околу 550.000 луѓе и 2,3 милиони во цела Франција. Министерството за внатрешни работи, пак процени дека во Париз на улиците излегле 112.000 луѓе, а во целата земја 782.000 луѓе.