(ВИДЕО) На протестот во Белград демонстранти влегоа во РТС

Група демонстранти упаднаа во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „Еден од 5 милиони“ во Белград.

Според неофицијалните информации, прв во зградата влегол претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојузот за Србија Бошко Обрадовиќ.

Полициска екипа специјалци брзо реагирала за да го спречи хаосот.

Агенцијата Бета јавива дека во РТС има и полицајци со опрема за растерување демонстрации. Вратата на зградата на српската државна телевизија е искршена, јавува Б92.

Учесниците на протестот „Еден од 5 милиони“ ја опколија зградата на Радио-телевизија Србија во Белград вечерва околу 19 часот и на тој начин ја почнаа блокадата која треба да трае два часа.