(ВИДЕО) На Тајланд најдени трупови на уште пет слонови кои се обиделе да спасат слонче

Десет диви слонови угинале во тајландскиот национален парл Кхао Јаи (Големи планини) на 150 километри од главниот град Бангкок, во близина на планинската висорамнина Корат, паѓајќи во бездната во која паднало предтходно слонче, пренесува во вторникот електронското издание на весникот Thai Rath.

Труповите на слончето и петте возрасни слонови, кои паднале во длабок планински процеп, ги пронашле ренџерите на националниот парк во саботата. Во понеделникот, низводно по течението на планинската река во процепот, со помош на видео-снимка од воздух направена со дрон, биле откриени уште пет тела на угинати големи животни, се наведува во новинскиот извештај.

Ренџерите и научниците од националниот парк дошле до заклучокот дека, најверојатно, слоновите припаѓале на едно стадо и настрадела да го спасат младенчето кое паднало прво. Така, во оваа трагична несреќа, 11 диви слонови загинале наеднаш, пишува весникот.

Во моментов на територијата на националниот парк се трага по два слона од стадото кои ја преживеале несреќата, но најверојатно се повредени.

Истовремено, работниците во паркот подготвуваат операција за извлекување на останките од сите мртви слонови од процепот, што мора даа се направи што е можно поскоро за да се спречи загадување на планинската река која тече по дното на процепот и се слева кон пониските планински падини, се додава.