(ВИДЕО) Најубавото видео од почетокот на пандемијата (ВИДЕО)

На Интернет кружи најубавото видео од почетокот на пандемијата на вирусот ковид-19, а луѓето се воодушевени од она што го гледаат. Имено, во вторникот учениците од основно училиште во Израел го добија најсреќното известување од својот наставник – повеќе не мора да носат маски во училницата!

Наставникот им ја соопштува на децата одличната вест, погледнете ја нивната реакција во видеото:

– Сакам да ве известам дека владата одлучи дека од денес повеќе не ви требаат маски – вели наставничката.

Во тој момент владее општа радост во училницата и децата почнуваат да скокаат од радост што за прв пат, по долга година пандемија зад нив, можат да живеат како порано.

Благодарение на најголемата кампања за вакцинација во светот, Израел го намали бројот на заразени и излезе од ковид-кризата. Во текот на минатиот месец, земјата дневно бележи еден или ниту еден смртен случај поврзан со вирусот ковид-19, па владата одлучи да ја укине обврската за носење маски.

Сепак, маските ќе останат задолжителни за невакцинираните пациенти во болниците и медицинскиот персонал, како и за карантините и патниците на комерцијалните летови. Во април годинава Израел го укина задолжителното носење маски надвор.

Околу 55 проценти од израелското население од 9,3 милиони жители се вакцинирани со двете дози, а започна и вакцинацијата на деца на возраст од 12-15 години.