(ВИДЕО) Над 20 уапсени на новите протести во Париз

Француската полиција и жандармерија привеле во саботата 22 учесници на масовниот протест против предлог-законот „За глобална безбедност во саботата во главниот град Париз, соопшти министерот за внатрешни работи Жерал Дарманен.

„Им благодарам на припадниците на силите за одржување на редот за нивните постапки, кои понекогаш мора да ги спроведуваат против екстремно агресивните лица. Во текот на демонстранциите во Париз, веќе се приведени 22 лциа“, напиша министерот Дарманен на својот профил на Twitter.

Протестите во саботата против нацрт-законот кој се разгледува во парламентот се одржаа во десетици градови низ Франција. Во Париз, демонстранциите започнаа по 15 часот по локално време. Според медиумските извештаи, набргу по почетокот на протестот неколку стотици хулигани застанале на чело на дотогаш мирната колона, почнувајќи да фрлаат камења и шишиња врз полицијата, демолирајќи витрини на луксузни продавници и излози на филијали на банки, поставувајќи барикади и запалувајќи најмалку три автомобила.

Пожарникарите за интервенцијата морале да чекаат повеќе од половина час додека полицијата конечно успеала да ги растера агресивните групи од областа. Во моментов пожарот на возилата е изгаснат, но медиумите информираат дека насилните демонстранти искршиле прозорци на експозитура на една банка и се обиделе да подметнат пожар во неа.

Протестите започнаа на истокот на француската престолнина каде се собраа претставниците на повеќе струкови синдикати и најавија протестен марш кон Плоштадот на Републиката. Извикуваа пароли како „Макрон, доста беше!“ и „Безбедносен закон – не, социјална сигурност – да!“.

На протестите повторно повика колективот на синдикатите, синдикалните организации на новинарите и организациите за човекови права а се продружија и проврзаниците на протеснонот граѓанско движење Жолти елеци, една седмица откако на протестите ширум Франција, според процените на француското министерство за внатрешни работи се собрале 130.000 лица. Организаторите, пак, тврдат дека имало половина милион луѓе.

Протестите во саботата беа организирани два дена откако француската влада објави дека ќе го ревидира контроверзниот член 23 од предложениот закон за безбедност, со кој се ограничува снимањето на полициските службеници додека извршуваат задачи во текот на демонстранции. Владата смета дека законот подобро би ги штител полицајците, а активистите сакаат целосно повлекување на споменатиот член кој според нив содржи уште некои контроверзни точки, како што е предложениот засилен видеонадзор на полицијата во текот на протести со помош на дронови.

Претседателот Емануел Макрон во петокот најави дека ќе покрене интернет платформа на којашто од идната година граѓаните ќе може да пријавуваат дискриминација, па и од страна на полицијата. Дел од полициските синдикати го критикуваа овој план.

Острата расправа во француската јавност се разгорe откако на социјалните мрежи се прошири снимка како полицајци тепаат црн музички продуцент во неговото музичко студио каде што го пронашла полицијата која тргнала по него затоа што бил надвор без заштитна маска, според епидемиолошките мерки поради епидемијата на коронавирусот.