ВИДЕО| Над 20 жртви во експлозии во шиитски кварт во Кабул

Повеќе од 20 луѓе загинале во најмалку три експлозии во училиште за момченца во западниот шиитски кварт на авганистанската престолнина Кабул, пренесува локалната телевизија 1TV News.

„Има жртви меѓу нашите шиитски браќа“, објави претходно на Twitter портпаролот на полциијата Халид Задран.

Три експлозии ги потресле училиштето „Абдул Рахим Шахид“ во западниот кварт Дашт-е-Барчи, насечен главно со припадниците на шиитското малцинство Хазари, во моментите кога учениците излегувале од училниците во претпладневните часови.

Претходно се слушнала детонација и во училиштето „Мумтаз“, исто така, во западниот дел на Кабул, и според локалните медиуми биле повредени неколку лица.

Истите западни делови од авганистанската престолнина беа сцени на смртоносни бомбашки напади во џамии и минатата есен кога загинаа повеќе од сто луѓе.

Засега ниедна од терористичките групации кои дејствуваат во Авганистан не ја презема одговорноста за овие напади.