![zatvor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/zatvor.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Навидум обичен затвор, опколен со чувари и високи огради, но внатрешно е многу поинаква, наместо лоши услови и решетки, затворениците се забавауваат, уживаат на сонцето и имаат богат љубовен живот засладен со дрога и одлични коктели.
Затворот Сан Антонио на островот Маргарита во Венецуела е сонот на екој затвореник, каде студените ќелии, лошите оброци и решетките се заменети со песочна плажа, звукот на реге и секс.
Повеќе до 2000 затвореници, главно осудени заради убиство и дрога, се забавуваат во затворот, а за нивниот луксуз се грижи Теофил Родригез, осудениот дилер кој е главен алфа мажјак во затворот. Затоа првото правило во затворот не слушај го Теофил и прави што тој ќе ти каже.
Иако се затворени, тие слободно си продолжуваат со своите нелегални бизниси без чуварите и полицајците да им вршат притисок.