(ВИДЕО) Најмалку 133 мртви во тропска бура на Филипини

Најмалку 133 луѓе смртно настрадале во налетот на тропската бура Тембиј којашто го зафати југот на Филипини, објави во саботата полицијата во новиот извештај откако повеќе десетици тела се извадени од надојдените реки.

Бурата од петокот предизвика лизгање на земјиштето и обилни поплав. Триесет и шест тела се извадени во саботата од реката Салог додека нови жртви се регистрирани на полуостровот Замбоанга.

Метеоролозите наведуваат дека бурата јакнала над морето Сули и дувала со ветрови со брзина од 80 километри на час.

Спасувачи, војници, полицајци и волонтери се мобилизирани поради потрагите по преживеани, расчистување на урнатините и повторно воспоставување на сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија.

Филипини годишно ја погаѓаат дваесетина тајфуни, носејќи смрт и разорувања најчесто во сиромашните заедници на оваа земја на југоистокот од Азија.