Најмалку 14 лица го загубија животот во серија престрелки на вооружени лица со полицијата во мексиканскиот град Рејноса.
Жртви на престрелката се десет вооружени напаѓачи, двајца федерални полицајци и две други лица. Се уште не е потврдено дали загинатите вооружени лица се поврзани со некој наркокартел.
Од почетокот на 2007 година кога тогашниот претседател Фелипе Калдерон ја распореди армијата да се справи со наркокартелите, брјот на жртви е над 85.000, а големи региони во државата се уште се под власт на наркокартелите.