Најмалку дваесет луѓе се убиени, меѓу кои и двајца новинари кои дошле на местото од нападот, за уште 70 други се рането во средата во два симултани бомбашки напади врз спортски клуб во шиитски кварт на престолнината Кабул, објавија авганистанските власти.
Првата експлозија се случила околу 18 часот по локално време во шиитскиот кварт Дашти Барчи на западот од Кабул, изјавил портпаролот на министерството за внатрешни работи, Најиб Даниш. Одговорноста за нападот засега не ја презема никој, но шиитско малцинство во Авганистан е често мета на напади на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава која шиитите ги смета за отпадници од верата.
„Според нашите информации, експлозија ја предизвикал бомбаш самоубиец“, изјави во AFP портпаролот на полицијата Хашмат Станикзаи. Експлозивот кој го носел на себе го активирал во спортската сала каде што тренирале борачи од клубот Маиванд. Шефот на салата Пахлаван Шир рекол за агенцијата дека бомбашот „ги убил чуварите на влезот од салата, а потоа го активирал експлозивот“.
Веднаш потоа експлодирала и автомобил-бомба во близина на спасувачите кои им давале помош на ранетите и на новинарите кои пристигнале на местото на несреќата. „Втората експлозија се случила на влезот од клубот Маиванд“, додал портпаролот на министерството за внатрешни работи. Безбедносен извор за AFP потврдил дека загинале 20 луѓе а 70 се ранети, но предупредил дека бројката смртно настрадани „може да расте“.
Експлозија во средата е последната во низата насочени против шиитите во Кабул, ледните четири месеци. Заедницата на Хазара шиитите е најсиромашната етничка група во земјата, и изнесува околу 22 отсто од населението на Авганистан. Нејзините припадници често се цел на масовни киднапирања на убиства, што во минатото предизвикаа неколку големи шиитски протести во Кабул и во други градови. Кон средината на август 50 шиитски муслимани беа убиени во бомбашки напад пред образовен центар во истата населба како и денеска.