(ВИДЕО) Најмалку 20 загинати во несреќа на железничка станица во Каиро

Најмалку 20 луѓе загинале а уште 40 се повредени во средата утрото по експлозија и голем пожар на железничката станица Рамзес во центарот на Каиро, пренес египетската државна телевизија

Медицински извори, пак, за електронските изданија Al Shorouk и Al Ahram Online рекле дека бројот на смртно настраданите изнесува 24 луѓе, и оти 50 други се повредени, предупредувајќи дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Според првичните информации, возот го напуштил депото и со голема мбрина се судрил во покраината платформа. Како резултат на тоа, одекнала експлоија, а пожерот се проширил во една од зградите на станицата „Рамзес“. Еден безбедносен извор потврдил дека пожарот во станицата избувнал по сударот на возот.

Египетскиот премиер Мостафа Мадбули во кусата изјава за медиумите рекол дека сѐ уште не е позната вистинската причина за несреќата.